Бременоста е време на многу прашања и грижи, особено за жени кои чекаат прво дете. Еве одговори на некои од најчестите прашања.
Колку често треба да одам на преглед?
Генерално, прегледите следат ваков распоред:
- До 28-та недела: еднаш месечно
- 28-36 недела: на секои две недели
- Од 36-та недела до пораѓај: еднаш неделно
Овој распоред може да варира во зависност од индивидуалните потреби и ризик-фактори.
Кои суплементи се препорачуваат?
Најважниот суплемент во раната бременост е фолна киселина (400-800 mcg дневно), идеално започната уште пред зачнувањето. Вашиот лекар може да препорача и витамин D, железо, и пренатални витамини во зависност од вашите потреби.
Дали е нормално да имам блага болка во долниот дел од стомакот?
Благи болки и натегнување се вообичаени, особено во првиот и третиот триместар, поради растењето на матката. Но, силни болки, крварење или други невообичаени симптоми бараат итна медицинска консултација.
Кога е првиот ултразвук?
Првиот ултразвук обично се прави помеѓу 8-та и 12-та недела од бременоста. Тој ја потврдува бременоста, утврдува гестациска возраст и проверува за срцево дејство на фетусот.
Кои храна треба да ги избегнувам?
- Сурово или недоволно термички обработено месо и риба
- Непастеризирани млечни производи
- Алкохол
- Преголеми количини кофеин (ограничете на 200mg дневно)
Ако имате специфични прашања за вашата бременост, побарајте консултација за индивидуални насоки.